Пуштен патот до Трескавец ,Груевски запали свеќа за здравје (фото/видео)
Премиерот Никола Груевски денес свечено го пушти во употреба патот до манастирот Трескавец.
Тој таму запали свеќа за здравје, разговараше со свештените лица и со граѓаните.
Новоизградениот пат од Прилеп до манастирот „Трескавец“ е во должина од 7,5 километри, за кого Владата од Буџетот инвестираше 83 милиони денари или 1.400.000 евра.
„Со неговата изградба Прилеп ќе стане уште поатрактивна локација која ќе овозможи развој на манастирскиот, но и други видови алтернативен туризам, а дополнително со обновата на конаците се очекува годишна посета од над 50.000 туристи тука во овој манастир“, рече Груевски.
Со реализацијата на овој проект, како што додаде, потврдивме оти изградбата и реконструкцијата на патиштата останува еден од врвните приоритети на Владата.
Видео ТВ Тера
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment