MKDNews.com

Протест пред „Бристол“ вечерва во 20 часот

август 04
17:03 2013

Граѓаните преку „Фејсбук“ повикаа на протест поради самоволието и масакрот на паркот спроти старата железничка станица. Протестниот собир е закажан за 20 часот пред хотелот „Бристол“.

Граѓаните ги повикаа жителите на Скопје и сите кои не се согласуваат со униптувањето на зеленилото да се приклучат на протестот.

„Со денови и ноќи сме присутни на оваа локација, со истите пораки до владата – не му ги сечете белите дробови на нашето Скопје“, велат активистите.

Тие најавија дека повторно ќе го постават шаторот, на местото каде што треба багерите да копаат за да се постават темелите на зградата на Советот за радиодифузија во барок стил.

Инаку синоќа со полициско обезбедување околу 3:30 часот по полноќ, граѓаните кои кампуваа во паркчето пред хотелот „Бристол“, биле отстренети со цел да се обезбеди непречено сечење на неколкуте стари стебла и чистење на местото на кое се планира изградба на зграда на Советот за радиодифузија.
На местото пред пред повеќе од еден месец се одржа и протест на активисти на неколку граѓански здруженија кои се обидоа да го заштитат паркот од сечењето

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.