Пронајдени двете момчиња кои беа изгубени во Охридското езеро
Полицијата утрово ги пронајде двете момчиња, кои беа изгубени во Охридското езеро. После осум часовна потрага утрово околу 5 часот патролата на полицијата во која беа вклучени и цивилни бродови успеаа да ги најдат неповредени момчињата кај манастирот Богородица Заумска.
Двајцата Скопјани синоќа околу 20 часот во кампот Елешец влегле во вода со гумен чамец, кој го управувале со весла. Се движеле кон длабочинита на езерото во правец на Свети Наум, а потоа им се изгубила секаква трага.
Според првичните информации едното момче имало 18, а другото 19 години.
Не се познати причините зошто влегле во езерото ноќе, кога имаше силни бранови и како се изгубиле.
Езерската полиција со два патролни чамци и цивилни бродови од синоќа го пребаруваа езерото и брегот.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment