MKDNews.com

Пронајден и искорнат насад со растение „Канабис Сатива“ во атарот на селото Пагаруша (видео)

август 28
15:46 2013

Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР-Скопје, на 26 август во атарот на с. Пагаруша во месност викана „Две Реки„ (земјиште во државна сопственост), пронајде и искорна 344 стебла од растението „Канабис Сатива“, со големина од 55 до 260 см., како и црева за наводнување на истата во поголема должина, соопшти Министерството за внатрешни работи.

kanabis-sativa-fulОд страна на увидна екипа при СВР – Скопје, извршен е увид при што се земени примероци од стеблата и предадени на ОКТ при МВР, а исто така подигнати се цревата и алат заради крим – техничка обработка.

СВР – Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот или сторителите на кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по чл. 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.

По извршеното вештачење и целосно документирање на случајот до надлежното Основно јавно обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment