MKDNews.com

Прогласена опасност од бури поради приближувањето на тајфунот „Утор“

август 13
12:49 2013

– Предупредување за опасност од бури е прогласено денеска во јужна Кина, вклучувајќи ги Хонг Конг и Макао, заради приближувањето на силниот тихоокеански тајфун „Утор“, што во моментов беснее во Јужно Кинеско Море, на 440 километри од брегот, соопшти локалната опсерваторија.

Како што пренесува ИТАР-ТАС, за ударот на циклонот, што носи тропски поројни дождови и урагански ветар, чија брзина достигнува и до 180 километри на час, се подготвуваат и властите во густо населената јужна провинција Гвандун, во автономниот регион Гванси-Ѓуан, како и на островот Хајнан.

Според прогнози на метеоролозите, „Утор“ ќе се доближи до крајбрежјето на континентот во среда вечер, но во регионот веќе се забележува драстично влошување на времето.

„Утор“ мина преку Филипините, каде ја предизвика смртта на две лица, а над 10 се водат за исчезнати.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.