MKDNews.com

Продолжуваат оштетувањата на македонски возила во Грција

август 11
18:44 2013

Нови, двајца македонски туристи пријавиле дека им биле оштетени возилата при престојот во Грција. На едниот, кој летувал во Неа Врасна со спреј му била испрскана ознаката МК на регистарските таблички, а на вториот, кој бил на одмор на Халкидики му била повлечена црвена линија од багажникот до предниот лев фар.
TablickiСо овие два, односно три во текот на викендов, од нашата гранична полиција се евидентирани вкупно 45 оштетувања на возила и одземања на таблички. Од нив, 32 се кражби на регистарски таблички, од кои во 24 случаи се украдени обете таблички.
В.И. и ПЈ од Скопје, едниот летувал во Неа Врасна, другиот на Халкидики, пријавиле дека на возилата со кои управувале „Фиат Пунто“ и „Цитроен“, со спреј целосно им биле прикриени двете ознаки МК на регистарските таблички, а на „пунтото“ му била повлечена и црвена линија од багажникот до предниот лев фар. Оштетувањето не го пријавиле во грчката полиција, соопштија од МВР.

„Со овие два новорегистрирани случаи, односно три во текот на викендов, во изминатиот период од страна на нашата гранична полиција евидентирани се вкупно 45 оштетувања на возила и одземања на таблички. Од 45-те оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 32 се кражби на регистарски таблички, од кои во 24 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори (6). По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега нарасна на 10 случаи“, соопштија од МВР.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment