Приврзаници на Морси повикуваат на масовни демонстрации
август 22
08:40
2013
Приврзаници на соборениот египетски претседател, исламист Мохамед Морси ги повикаа жителите на државата утре да учествуваат на протести наречени Петок на мачениците.
Протестите се против преземањето на власта од страна на армијата.
Во соопштение, организацијата се нарекува Национална коалиција за поддршка на правото и бара враќање на Морси на функцијата.
– Ќе останаме неопколебливи на патот кон уништување на воениот преврат – се вели во соопштението.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment