MKDNews.com

Притвор за сопругата на поранешен министер на ВМРО-ДПМНЕ за случајот Пошта

август 17
21:23 2013

Сопруга на поранешен министер на ВМРО-ДПМНЕ и ќерка на висок екс функционер на ДУИ заработија притвор за случајот со грабежот на поштата во Чаир од 26 јули годинава, ексклузивно јавува Press24 од извори во истрагата. Тие заедно со уште 8 лица според пријавата која им ја поднесе МВР ќе одговараат за несовесно работење во Македонски Пошти по грабежот во кој две лица однесоа 211.000 евра.
Сопругата на поранешен министер за транспорт и врски во Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ќерката на екс функционерот на ДУИ се уште се недостапни за полицијата па Истражниот суд, мерката притвор им ја одредил во отсуство. Покрај нив, за грабежот ќе одговараат шефот на обезбедувањето на Пошта, двајца поштари и неколкумина задолжени за безбедноста на парите.
Несовесното работење го утврдила внатрешната ревизија на Поштата.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.