MKDNews.com

Принцот Чарлс на испрашување поради смртта на Дајана

август 25
13:48 2013

Британскиот принц Чарлс бил повикан од полицијата на испрашување во врска со смртта на неговата сопруга, принцезата Дајана, која пред 16 години со својот љубивник, египетскиот богаташ Доди Ел Фаед, настрада во сообраќајна несреќа во Париз.
Наследникот на британската круна ќе мора да одговори на неколку непријатни прашања бидејќи неодамна се појавија некои нови докази дека британската војска ја убила Лејди Ди, кои потоа се смирија.

Доди Ел Фаед и принцезата Дајана загинаа на 31-ви август 1997 година во Париз , во тунелот Понт де Алма. Тие двајца последен пат биле видени заедно како излегуваат од хотелот „Рич“ и влегуваат во автомобилот, по што нивното возило удрило во столб од тунелот. Според податоците на официјалната истрага, несреќата се случила бидејќи нивниот возач Хенри Пол, кој исто така загинал, бил пијан и не успеал да го исконтролира возилото со кое се обидувал да им побегне на папараците.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment