MKDNews.com

Пратеникот Павле Саздов закажува настани и не се појавува?

август 28
02:27 2013

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ за Дијаспората, Павле Саздов ја откажа закажената средба со припадниците на дијаспората во црквата Св Кирил и Методиј во Чикаго.

Официјално соопштение од Павле Саздов сеуште нема свен информацијата на фејсбук страната на Црката Св Кирил и Методиј во Чикаго каде стои дека дека Настанот планиран со Пратеникот се одкажува во последен момент.

Неофицијално дознаваме дека Павле Саздов ненадејно се разболил но не добивме информации за што точно се работи.

Планирано беше да се одржи трибина на 27-ми август (вечерва) во Црквата Свети Кирил и Методиј со почеток од 19:00 часот по локално време (среда во 2ч по македонско време) но Саздов не ги информирал лушето дека ќе биде откажана трибината ни па се потруди да се извини.

„Ве поканувам да присуствувате на трибината каде ќе дискутираме за политичката ситуација во Македонија, претстојните претседателски избори, проектите кои се реализираат за нашите иселеници како и можност да дадете свои предлози и да поставите прашања до вашиот пратеник“. гласеше дел од пораката испратена за да се присуствува на овој настан.

pokana-pavle

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.