Пожарот во Јосемити се заканува на водоснабдувањето на Сан Франциско, видлив е од вселената (фото)
Огромниот шумски пожар во националниот парк Јосемити не стивнува, загрозувајќи го и снабдувањето со вода за пиење и електрична енергија на Сан Франциско. Околу 3.700 пожарникари се борат против огнената стихија која зафати околу 600 километри квадратни, со што е најголемиот досега регистриран пожар во Калифорнија. Надлежените се обидуваат да го избегнат загадувањето на резервоарот Хечи, преку кој со вода за пиење се снабдуваат повеќе 2,6 милиони жители. Во тек е и операцијата за пренесување на водата до резервоарите кои се поблиску до Сан Франциско и на кои не им заканува огнот.
-Проблемот со водата е дека како што минуваат месеците и доаѓаат зимата и поплавите, ќе дојде до загадување на резервоарот и водата за пиење. Ги превземаме сите можни мерки за да ја спречиме таа опасност,изјави Едмунд Браун, гувернер на Калифорнија.
Непристапниот терен , силниот ветер и исклучително сувото и топло време ги спречуваат обидите на пожарникарите да се справат со пожарот, кој започна да се шири на 17 август.
Пожарот е токлу голем што се споредува со површина како градот Чикаго и е видлив од вселената.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment