Полицаец во Њујорк уби 14-годишно момче (видео)
Полицаец во Њујорк пукал во 14-годишно момче кое одбило да го фрли оружјето , кое го насочил кон полициската патрола. Момчето починало на самото место, соопштиле локалните власти.
Момчето со име Шаливер Доуз загинало на улица во Бронкс погоден од куршумот во пределот на вилицата.
Двајца полицајци патролирале на улицата кога слушнале истрели околу три часот утрото по локално време. Го забележале момчето како пука со пиштол во еден човек, кој бегал.
Полицијата му наредила да го фрли оружјето, но тоа не го сторил. Пиштолот го вперил кон нив, а потоа еден полицаец пукал во него.
Момчето од порано бил познат на полицијата, а во мај било обвинето за обид за убиство на едно 15 годишно момче.
Полицијата од Њујорк објави две видеа од надзорни камери кои како што велат властите покажуваат како 14-годишниот Шаливер Доу пика од пиштолот. Ове снимки доаѓаат од како полицијата беше критикувана дека убила тинејџер , кој беше наоружан.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment