MKDNews.com

Полицаец брутално претепа жена крадец пред нејзиното дете (видео)

август 10
05:06 2013

Видеото на кое полицаецот Скот Крои поради кражба брутално ја претепува Бренди Редел пред нејзиното едногодишно дете, ја шокираше американската јавност. На видеото се гледа како Скот ја удира по главата, додека другиот полицаец и ги држи нозете

Бренди признава дека се обидела да украде облека во вредност од 388 долари во продавницата. Таа морала да оди во болница затоа што целото око и било затворено. Таа има намера да го тужи Скот.
Скот во извештајот напишал дека Бренди го удирала, а таа рекла дека тоа го правела обидувајќи се да се одбрани од него.
367776_kradja-02_fБренди веќе два пати до сега била осудувана за кражба, а новото судење е закажано за 23 месецов. Таа вели дека полицаецот започнал да ја тепа во моментот кога го повикувала своето момче, Џејмс Гибсон, да дојде по нејзината ќерка.
Инаку, Бренди се сомнева дека нападот на неа има врска со нејзиното момче Гибсон, кој е црнец и кој во полицијата држи курсеви за расна толеранција.
-Мислам дека полицијата не е баш воодушевена кога бела девојка повикува момче црнец да и помогне, посебно ако станува збор за човек кој од порано полицијата не го сака- рече таа.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.