MKDNews.com

Покренато обвинение против деца поради скинат постер на Ердоган

август 08
11:33 2013

Три деца се приведени од полицијата и веднаш испратени на обвинител само поради тоа што го скинале постерот од премиерот Реџеп Тајип Ердоган во провинцијата Адана (Југоисточна Турција).

На постерот заедно со фотографијата била напишаноа и порака на Ердоган за Рамазан Бајрам.
Веднаш по добиениот сигнал за скинатиот постер , полицијата ги утврдила имињата на тројцата извршители – деца на 16 години
Тимови на полицијата ги задржале и за време на полициските процедури во Одделението за борба против детскиот криминал кон малолетниците биле покренати обвиненија за “нанесена навреда на премиерот”.
По распитот и обвинителството децата биле ослободени.
Интересно е дека таткото на едно од приведените деца претходно беше член на локалната областа преставник на владејачката Партија на правдата и развојот,
наведуваат новинските агенци во Турција.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.