MKDNews.com

Подигнато е обвинение против Паско Кузман

август 13
16:20 2013

Обвинителството за организиран криминал подигнало обвинение против сите 16 мината. Кузман подоцна беше приклучен кон Фаланга 2. Беше уапсен под сомнение дека ја злоупотребил службената положба односно дека спротивно на законот издал согласност на приватни лица за ископување на две локации – едната во катлановско, другата во делчевско.

Неговиот адвокат Новаковски веќе го пишува приговорот на обвинението. Смета дека не постојат елементи на кривичното дело за кое се товари Кузман и дека нема поврзаност со делата за кои се обвинуваат останатите во Фаланга 2.

Минатата недела адвокатот поднел гаранција во имот, односно семејната кука во Охрид и ниви, за Кузман да се брани од слобода.

Останатите обвинети кои во мај паднаа во акцијата Фаланга два се осомничени дека вршеле илегални ископувања и одземале археолошки предмети од непроценлива вредност, кои потоа ги продавале во странство. Нивните адвокати реагираа дека воопшто не станува збор за артефакти бидејќи дел од предметите кои им беа запленети истражниот судија им ги врати затоа што биле копии.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.