MKDNews.com

Почина повредениот во сообраќајката кај Мешеишта

август 29
21:50 2013

policija-slikaПочина 69 годишниот охриѓанец кој доцна попладнево се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајката што околу 18.30 се случи во близина на селото Мешеишта на магистралниот пат Охрид-Кичево. Како што Ohridnet.com дознава од болнички извори, и покрај брзата медицинска интервенција, на повредите им подлегнал П.К. кој по сообраќајката итно е пренесен во болницата Св.Еразмо а потоа на хируршкото оделение во општата болница во Охрид.

Од СВР Охрид сеуште не го откриваат идентитетот на починатото лице. Оттаму ни потврдија дека едно лице им подлегнало на повредите по случената сообраќајна незгода и дека во текот на утрешниот ден врз телото на починатиот ќе се изврши обдукција. Додаваат дека уште едно лице се здобило со тешки телесни повреди но се наоѓа надвор од животна опасност. Според првичните информации на СВР охрид, до незгодата дошло во момент кога патничко моторно возило марка Сузуки со охридски регистарски таблици, од спореден пат од селото Мешеишта се вклучувало на магистралниот пат. Притоа, врз возилото управувано од сега починатиот налетало патничко моторно возило марка Форд Мондео со скопски регистарски ознаки во кое имало четири лица. Ова возило се движело во правец од Охрид кон Кичево. Сеуште трае увидот на местото на незгодата што го вршат увидна екипа на охридската полиција во присуство на истражен судија и јавен обвинител од основниот суд во Охрид како и овластен судски вештак. Сообраќајот на овој дел од магистралниот пат се пренасочува по споредните улици на селото Мешеишта.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.