MKDNews.com

Почина адвокатот што ги бранеше најозлогласените диктатори

август 16
01:01 2013

Познатиот контроверзен француски адвокат Жак Вержес, кој во различни периоди беше вклучен во процесите против поранешниот претседател на Брегот на слоновата коска, Лоран Гбабо, екс-претседателот на Мали, Муса Траоре, еден од лидерите на Црвените кмери и поранешниот српски вожд Слободан Милошевиќ, починал во Франција во 89-та година, соопшти ноќта кон петокот телевизијата BFMTV.

Адвокатот почнал во четвртокот, 15-ти август, од природна смрт, потврдил челникот на француската национална асоцијација, Кристијан Шариер-Бурназел кој бил информиран од неговото семејство, потсетувајќи се за телевизијата дека со Вержес ручал пред десетина дена, кога адвокатот покажувал физичка слабост но „интелектуално остана непроменет”. „Знаевме дека тоа се последните негови денови, но се надевавме дека тоа ќе дојде толку бргу”.

Во 2002 година Жак Вержес го застапуваше поранешниот југословенски и српски претседател Слободан Милошевиќ пред Европскиот суд за човекови права. По смртта на Милошевиќ во 2006 година, тој повеќепати негативно зборуваше на адреса на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства сторени на територијата на поранешна СФРЈ (Хашкиот трибунал) и беше член на ткн Меѓународен комитет за заштита на Милошевиќ.

Во 2008 година, Вержес ги застапуваше интересите на еден од лидерите на Црвените кмери, Кхиеу Самфан, обвинет за злосторства против човечноста, случај особено познат по тоа што адвокатот го застапуваше својот клиент во жалбата за нелегален притвор.

Кхиеу Самфан во периодот од 1975 до 1979 година беше шеф на кмерската држава, заземајќи ја третата според рангот позиција во хиерархијата на црвените кмери. Според француските медиуми, Смафан се запознал со Вержес во текот на 1950-те која овој учел во Париз и активно ги посетувал местата на кои се собирале француските интелектуалци наклонети кон левицата.

Покрај во процесите против Милошевиќ и Самфан, за славата на Вержес придонесоа и неговите учества во големите судски процеси, како во случајот на меѓународниот терорист Илич Рамирез Санчез, попознат по прекарите Карлос и Чакалот, нацистичкиот злосторник Клаус Барби кој го водел одделот на злогласната нацистичка полиција гестапо во францускиот град Лион во текот на Втората светска воја, како и на поранешниот егзекутиран ирански диктатор Садам Хусеин

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment