MKDNews.com

Почина 98-годишен нацист

август 12
10:44 2013

Унгарскиот нацист Ласло Чатари почина на 98-годишна возраст.
Ова го соопшти неговиот адвокат пренесе ББЦ.
Против Чатари само пред два месеца, во средината на јуни, беа покренати обвиненија за воени злосторства.
Според истрагата тој бил висок офицер во унгарската полиција и ја организирал депортацијата на над 15 илјади Евреи кон Украина кон концентрациониот логор во Аушвиц.
Уште во 1948 година Чатари во отсуство осуден е на смрт. Неколку години порано,за време на Втората светска војна, тој веќе избегал во Канада.
Тој беше уапсен во својата родна Унгарија во јули 2012 година со помош на Центарот за пронаоѓање на нацистички воени злосторници “Симон Визентал”. Според податоците на центарот, тој живеел во Унгарија најмалку 15 години.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.