Почина 43 годишната Лиса Робин Кели, од That ’70s Show”
Актерката Лиса Робин Кели, една од ѕвездите на ТВ серијата That ’70s Show” починала денеска според твредењето на нејзиниот агент, Крег Викоф.
Кели има 43 години, според нејзината биографија од базата на Интернет Филмски податоци.
Лиса неколкупати беше апсена за возење во пијана состојба и Лиса доброволно сама себеси се пријавила за третман на почетокот од оваа недела, за наводна зависност на некаков вид супстанција како последица од проблемите со кои таа се соочувала во последниве неколку години, вели нејзиниот Агент
„Јас разговарав со неа во понеделникот и таа звучеше надежно и убедливо, гледајќи ги работите напред и сакаше да го стави овој дел од живот зад неа, сепак во средата вечер таа ја изгуби битката. Причина за смртта сеуште нема “, рече Викоф.
Кели во Шоуто од Седумдесеттите ја толкуваше Лори Форман, постарата сестра на Ерик Форман.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment