MKDNews.com

Платила 1.500 долари за Ајфон а добила јаболка!

август 06
11:19 2013

Една девојка на дваесет и една годишна возраст од Бризбејн, Австралија, била измамена за повеќе од 1.300 австралиски долари откако поставила оглас дека сака да купи два iPhone телефони на австралискиот специјализиран сајт на интернет, кој е во суштина Gumtree.

По некое време, друга жена и се јавила и рекла дека има два I-phone телефони за продажба. Каква случајност! Тие се договориле да се сретнат во локален Мек Доналдс ресторан за да ја извршат размената. Измамената жена била толку воодушевена што двата телефони и биле продадени токму неа, па дури не ја ни отворила кутијата. И покрај се, тие биле убаво спакувани и изгледале како нови. Како би направил таква измама?

Но, се чини дека некој успеал. Жената била измамена. Кога ги отворила двете кутии, таа пронашла две јаболки наместо Iphone телефони. Не Apple компјутери, ниту Apple направи, туку вистинско овошје!

Во оваа приказна реално, нема некоја лекција. Ако сте толку лекомислени да наседнете на „премногу добро за да биде вистинито“ зделка или да купите нешто од некој непознат на паркингот од локален ресторан за брза храна без да погледнете што има во кутијата, тогаш тоа е на ваша штета. Принципот „Caveat Emptor“ гласи: Купувачот треба да биде претпазлив: Продавачот на стоката не е виновен за нејзиниот квалитет освен ако не е така наведено во гаранцијата.

Извор: www.appleza.co.za

Tags

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment