Пинк Пантер украле часовници вредни над милиони евра
Двајца вооружени мажи ограбиле продавница со скапоцени часовници во францускиот град Кан чија вредност неофицијално се проценува на повеќе од милион евра. Грабежот се случува три дена откако во хотелот Карлтон беа украдени дијаманти вредни 103 милиони евра. Со оглед на тоа дека за грабежот во хотелот се осомничени членовите на бандата Пинк Пантер кои потекнуваат главно од поранешна Југославија, полицијата не исклучува можност тие да го извршиле и овој голем грабеж.
Како што пишуваат француските медиуми, вчера среде бел ден во продавницата најпрво влегол маж со очила за сонце кој во раката држел бомба, а потоа влегол уште еден со пиштол. Часовниците ги собрале за неколку минути и си заминале без истрелан куршум. Истата продавница била ограбена во февруари годинава кога крадците со себе однеле околу 150 часовници вредни милион евра. Часовниците никогаш не биле пронајдени, а ниту пак крадците.
Француската полиција се сомнева дека дел од групата која врши грабежи на луксузни продавници е и Босанецот Милан Попариќ кој побегна од затвор во Швајцарија минатиот четврток.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment