Палестинец го хакирал профилот на Зукерберк
Калил Шретех хакер од Палестина откако подолг период безуспешно се обидувал на одговорните луѓе на социјалната мрежа ,,Facebook’’ да им посочи недостатоци во приватноста и сигурноста на профилите на корисниците,решил да ги искористи недостатоците на ,,Facebook’’ и директно да му пише на креаторот на мрежата,Марк Зукерберк.
зукенберк
Тој му се извинил на Зукенберк што му влегол на профилот, и на ѕидот му објаснил за што се работи бидејќи неговите вработени не сакале да го послушаат иако им пратил неколку електронски пораки.
Неколку минути подоцна тој бил контактиран од вработен во компанијата, кој сакал детално да се информира за „упадот“.
Но подоцна се случило нешто што ги заинтересирало повеќето медиуми во светот. Имено ,,Facebook’’ најпрвин му ја блокирал страната , а потоа одбил да му плати за пронајдениот пропуст, зашто што сметале дека е направено на незаконски начин.
,,За жал не сме во можност да платиме за откриениот пропуст, бидејќи вашите постапки ги прекршиле Правилата за користење. Се надеваме дека ќе продолжите да соработувате со нас во трагањето на пропустите на страницата’’, било наведено во меилот кој го добил Калил Шретех.
Инаку ,,Facebook’’ нуди награди од по 500 долари при изнаоѓање проблем во безбедноста на профилите.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment