Откриена нова, розова планета
Астрономите од Американската вселенска агенција НАСА откриеле нова планета со розова боја. Планетата се наоѓа на 57 светлосни години од Земјата и се наоѓа во соѕвездието Девица Астрономите од Американската вселенска аганција НАСА откриле нова планета со розова боја , пишува „Нешенел пост“.
Се работи за до сега најлесна егзопланета која астрономите ја откриле директно снимајќи ја длабоката вселена.
За нејзиното откривање заслужни се меѓународната екипа астрономи и телескопот Субару, сместен на Хаваите.
Оддалечена 57 милиони светлосни години, таа се наоѓа во соѕвездието на Девица и орбитира околу ѕвездата GJ 504, слична на нашето сонце
„Кога би можеле да отпатуваме до оваа џиновска планета, би виделе вжарен свет со боја на темен цвет од цреша”, наведува Мајкл Мекелвејн, член на НАСА тимот што ја откри планетета.
Бојата на планетата се должи на топлината која од неа избива, а температурата на површината изнесува 230 степени Целзиусови, иако раздалеченоста од неа до нејзината ѕвезда е 44 поголема од онаа меѓу Земјата и Сонцето.
Токму тој факт го доведува во прашање настанувањето на џиновските планети.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment