MKDNews.com

Откриен насад со марихуана (видео)

август 17
12:27 2013

marihuuuanasМинистерството за внатрешни работи реализира случај на недозволено производство на наркотична дрога марихуана, при што откриени и запленети се вкупно 540 стебла од растението ,,канабис сатива”. По преземени соодветни мерки и активности во атарот на с.Малина Маала откриен е насад со површина од околу 80 м2 на кој имало засадено 540 стебла од растението „канабис сатива”, а на споменатата локација пронајдено е и црево со кое се вршело наводнување на насадот.

Дваесет и шестгодишниот Р.Б. од скопското село Брест им избегал на полицајците кои сакале да го уапсат крај нива во која имало засадено 540 стебла „канабис сатива“.

Марихуаната била засадена во атарот на селото Малина Маала, на Скопска Црна Гора. Завчера, извести МВР, околу 16 часот, крај нивата биле забележани 16-годишниот Ј.Е. од Арачиново кој веднаш бил уапсен, а Р.Б. успеало да избега. Против двајцата скопјани е поднесена пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзор

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.