Осуден убиец поставен за командир на полициска станица Центар!?
Порталот maktel.mk објави дека за командир на полициската станица во Центар било поставено лице осудено за убиство. Станува збор за лицето со иницијали З. М. кој е сторител на дело убиство пред 20 -тина години и за истото бил осуден и одлежал казна затвор од неколку години. Неофицијално убиениот исто така бил вработен во МВР.
Од Мактел пробале да ја потврдат оваа информација и сеуште се чека повратен одговор од портпаролот на МВР, Иво Котески. Редакцијата на Мактел контактирала луѓе кои ги познаваат работите во МВР и за Мактел го потврдиле случајот.
Но сепак останува прашањето дали осуден за убиство треба воопшто да биде полицаец а камо ли пак да биде командир на цела полициска станица. Земањето на правдата во свои раце е лош пример и лицата треба да сносат одговорност за тие постапки и не треба да се праќа погрешен сигнал до колегите полицајци дека пак можат да се вратат на работа и да бидат дури и командири ако почнат да убиваат наоколу и да бидат и судии и исвршители додавават од порталот…
Извор : maktel.mk
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment