MKDNews.com

Осомничената за смрт на 46 деца,наскоро на слобода

август 15
15:01 2013

Chelsea_McClellanМедицинската сестра осудена во 1984 година поради убиство на дете и осомничена за убиство на  уште  десеттина деца ќе биде пуштена од затвор без да отслужи 99 годишен затвор.

Таа за ова може да му се заблагодари на застарениот закон на државата Тексас кој пропишува задолжително пуштање на зтвореникот поради добро однесување.

Џенин Ен Џоунсон (63),осудена е  на 14 мај 1984 година за убиство на 15 месечната Челси Меклилан во 1982 година во педијатриска болница откако и дала смртоносна инјекција,додека бебето било во рацете на мајката.

Рон Сатон,обвинител смета дека Џоуносн е одговорна за смрт помеѓу 11 и 46 деца во округот Биксар во периодот од 1978 до 1982 година.

Џоунс секогаш негирала дека сторила таков злочин и велела дека работата и е да им помага на децата.Кога печатот ќе објавел нешто негативно за неа,тааа веднаш  организирала прес конференција и зборувала во своја одбрана.

 

Tags

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.