MKDNews.com

Оскар Писториус ќе се соочи со судење за убиство на својата девојка

август 19
21:24 2013

Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус ќе биде изведен на судење, под обвинение дека ја убил својата девојка Рива Стенкамп.

Судот во Преторија денеска ги прифати доказите на јужноафриканската полиција и на јавното обвинителство и одлучи судењето на атлетската и спортска ѕвезда на Јужна Африка, да се оддржи во март, идната година.

Oscar1_0На денешното сослушување, Писториус одново ги отфрли обвинувањата дека ја убил својата девојка. Според неговото објаснување, тој пукал низ затворената врата во бањата на својата куќа во Преторија, мислејќи дека таму се крие некој провалник, но наместо тоа, ја убил девојката.

Писториус инсистира дека не знаел оти Стенкамп, која беше познат јужноафрикански фото модел, во тој момент била во бањата.

Обвинителство меѓутоа не ја прифаќа верзијата за случајот на Писториус и тврди дека тој ја убил девојката со умисла, откако претходно меѓу нив двајцата имало бучна расправија. Истрагата располага со докази за ваквото обвинување и посочува сведоци и форензички сознанија кои ќе бидат презентирани на судењето.

Инцидентот се случи во февруари годинава.

Писториус беше пуштен да се брани од слобода, со платена кауција. Во текот на летото се обиде да се појави на некои атлетски натпревари, но меѓународната федерација не се согласи човек кој е обвинет за убиство да се учествува на атлетски турнири.

Оскар Писториус е спортски херој и идол на многу мади во оваа земја. Тој ги има загубено двете нозе, од под колената, па трча со специјално направени помагала.

Писториус е едниствениот атлетичар кој настапи на Олимпијадата и на Параолимписките игри во Лондон, минатаа година.

И по некоја случајност денес е тиесетгодичнината од раѓањето на Рива Стенкамп.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment