Опра жртва на расистички испад во Цирих
Најпознатата водителка на светот Опра Винфри смета дека била мета на расистички испад кога во една продавница во Цирих и рекле дека чантата што побарала да ја купи е прескапа за неа.Продавачката очигчедно не ја препознала Опра и настанал скандал.
Чантата чинела 38 илјади долари.
За жената чие богатство се цени на две милијарди долари таа цена е на ниво на сувенир.
-Бев во Цирих чија продавница не скам да ја споменувам.Немав вештачки трепки,но бев во целото Опра Винфри издание.Имав на себе “Дона Каран” кошула и моите мали сандали.Очигледно мојот шоу програма не се прикажува во Швајцарија,рекла тв-ѕвездата.
Винфри минатиот месец во Швајцарија била на венчавката на пејачката Тина тарнер.
Славната водителка кажала дека од продавницата излегла спокојно и без караници,но дека тоа за неа бил доказ дека расизмот и натаму живее.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment