Охриѓани останаа без сон од ноќните забави
Ако пред една десетина дена Охригани се жалеа на слабата туристичка сезона, сега кога Охрид се наполни, започнаа и проблемите.Преполните кафе – барови, ноќни клубови и бродските забави ги оставија без сон жителите на стариот дел од градот. Од локалната власт велат дека охрабрува што сепак се работи за изолирани случаи.
Бучавата и оваа сезона не ги поштеди жителите и туристите во Охрид. Најгласни се угостителските објекти на плажите во близина на градот, кои го пореметуваат мирот и сонот на сите, реагираат жителите од Стариот дел на градот.
Тие им забележуваат и на бродовите кои приредуваат забави ноќе. Галамата на младите под дејство на алкохол кој беснеат по улиците.
Од општината велат инспекторите секојдневно прават контроли и ги казнуваат прекршувачите на законот.
– Оваа година сите тие појави се сведени на изолирани случаи. Имаме неколку субјекти кои го прекржуваат правилното однесување и ние си преземаме мерки против нив. Поголемиот дел од охридските угостители работат онака како што треба, вели Димитар Спасески секретар на општина Охрид.
Од месната заедница на Стар град реагираат и на гласните возила и мотори кои често дивеат по улиците.
– Да овозможиме еден мирен Охрид , убав Охрод кој што ќе им овозможи пријатен престој и на туристите и на граѓаните на Охрид. Сакаме градот да нуди забава но исто така бараме од нив да ни го овозможат оној мир кој што на сите ни е потребен, додава Спасески.
Бројните забави и настапи во живо по дискотеките, ноќните клубови и на плажите честопати предизвикуваат бучава над дозволените 50 децибели.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment