MKDNews.com

Oхридското eзеро порибено со 100 илјади пастрмчиња

август 31
17:10 2013

Денес во водите на Охридското Езеро беа пуштени 100 илјади млади пастрмчиња.На овој чин присуствуваше и министерот за зем,јоделство Љупчо Димоски и концесионерот на “Пастрмка 2012” Ристе Танаскоски.

Ново е тоа што и Република Албанија ќе почне да го порибува езерото.

-Интензивирани се комуникациите и соработката . Очекуваме преку почести средби помеѓу двете страни да се договориме за заедничко координирано дејствување околу порибувањето на езерото, истакна Љубчо Димоски министер за земјоделство.

– Секој нареден вештачки мрест, кој што ние ќе го обезбедуваме ќе одиме на тоа да се собере што е можно повеќе икра и да се порибува езерото. И се надеваме дека во наредните години со ваква физичка затшита ќе го возобновиме и рибниот фонд во Охридското езерро, вели Ристе Танасоски концесионер. До крајот на септември Охридскотто езеро ќе биде порибено со 2.100 000 единки на охридска пастрмка..

Инаку,намалено е рибокрадството во Охридското езеро. Рибочуварската служба на концесионерот “Пастрмка 2012” со 24 часовениот надзор ги исчисти рибокрадците. Ова го потврди и собраната икра при вештачкиот мрест која достигна до 2 милиони икра од охридска пастрмка.

Од 2006 до денес Охридското езеро е порибено со 14 милиони пастрмчиња.
Последни измени ( сабота, 31 август 2013 )

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.