MKDNews.com

Охридскиот бодибилдер Гоце: Јадам само ориз и стек и не може да имам секс

август 31
16:18 2013
Фото Охрид1

Фото Охрид1

Охридскиот бодибилдер Гоце Мојсоски изјави дека подготовките од него барале голем број на жртви како што е храната и ноќниот живот. Така на пример Гоце вели дека исклучиво се храни со варен ориз и варен пилешки стек, без никакви додатоци. Тој вели дека оброците веќе два месеци му се состојат од само еден килограм варен ориз и варен пилешки стек.

-Ваквата храна најмногу ми влијае на расположението затоа што нејадеш ништо што може да те расположи. Не внесувам масти и шеќери и немам енергија дури ни да се смеам. Понервозен сум од секогаш, а најтешко ми е кога јаглехидратите и оризот ќе се на минимум. Тогаш буквално се ми смета – вели тој и продолжи:

-Не е точно дека цело време кога некој е на ваков тренинг нема желба за секс. Се појавува и таква желба но во крајната фаза кога веќе се влегува во празнење и полнење на организмот со јаглехидрати и во фаза на дехидратација на телото поточно на вадење на водата од подожното ткиво, е тогаш веќе се нема желба ни за живот, а камоли волја за секс – вели Гоце за Охрид 1

Фото Охрид1

Фото Охрид1

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.