MKDNews.com

Oфицијално започнаа 52. Струшки вечери на поезијата

август 23
08:45 2013

Со „Т’га за југ“ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата во Струга, вечерва почнаa 52. Струшки вечери на поезијата.
Манифестацијата официјално ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која своето обраќање го почна со бесмртната мисла на Кочо Рацин, дека песната е молитва на Македонија и огледало на нејзината душа.

– Преку Струшките вечери на поезијата ги афирмираме вистинските вредности, ја афирмираме културата, обединувајќи ги најзначајните имиња на светската поезија. Струшкиот поетски фестивал е најрепрезентативната проекција на актуелните поетски остварувања во меѓународен контекст и место на кое се развива дијалогот меѓу јазиците и културите, истакна Канческа-Милевска.
Градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села ги бојкотира годинешните Струшки вечери на поезијата поради непочитувањето од страна на раководството на манифестацијата, на законот за употреба на јазиците.
– Баравме преводот на отварањето на СВП, освен на англиски и македонски јазик да биде и на албански. Не го прифатија барањето со чудно образложение дека преносот од отварањето ќе оди на првата програма од државната телевизија. На една манифестација на која ќе се зборува на сите јазици во светот, нема волја да се почитува законот, иако манифестацијата се одржува во општина во која албанскиот јазик е службен јазик, рече Села.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment