MKDNews.com

Oдржете го буден вашиот партнер после сексот

август 09
14:30 2013

Ако Вашиот дечко е еден од оние фраери кои заспиваат веднаш по сексот, направете сè што е во ваша моќ да го одржите буден, бидејќи токму тоа време е најважното за зближување и создавање на интимност.
Две истражувања спроведени неодамна на универзитетот во Мичиген покажале дека постојат многу силни причини поради кои заљубените треба да го искористат сето расположливо време по сексот. Сè што се случува во тој период ја зајакнува приврзаноста која двата партнера меѓусебно ја чувствуваат.
Причината зошто е ова вака лежи во хормоналните промени кои се случуваат по сексот и оргазмот, а поради кои стануваме ранливи и емотивни – објаснува професорот Кругер, лидер на истражувањето.
Со првото истражување, научниците се обиделе да дојдат до одговор на прашањето како мажите и жените реагираат во времето непосредно по сексот. Второто истражување пак, покажало дека оние испитаници чии партнери имаат навика да заспијат по сексот, чувствуваат поголема потреба партнерот да им ги покажува своите емоции и постојано да ја потврдува љубовта кон нив.

Затоа, ако Вашиот партнер сака да се гали со Вас или пак само да разговара по сексот, сметајте се за среќни, бидејќи тоа значи дека Вашата врска тој ја дожувува сериозно и чувствува поврзаност и интимност кон Вас.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment