MKDNews.com

Одбележана годишнина од загинувањето на Драгослав Петровски Чиче

август 28
16:09 2013

Со полагање на венци, палење свеќи и помен парастос на православните гробишта и на спомен плочата на Драгослав Петровски – Чиче во тетовското село Ратае семејството, роднините и пријателите ја одбележаја 22-годишнината од неговото загинување како војник на ЈНА при борбите околу Вуковар, Хрватска на 28 август 1991 година.

Дел од жителите на Ратае присутни на одбележувањето искажаа разочарување поради неприсуството на претставници од тетовскиот гарнизон на АРМ, кои во изминатите години доаѓале во Ратае на овој ден да му оддадат почит на паднатиот борец.

Петровски е роден на 8 ноември 1970 година во Виена, Австрија од каде подоца со неговите родители заминува за САД каде завршува основно образование. Средното образование го завршил во Тетово по што се вработил во „Медицинска пластика“. Заминал на отслужување на воениот рок во Рума, Србија од каде е упатен во Вуковар каде загинува во погоден тенк на последниот ден од отслужувањето на воениот рок на 21 година. Во 1996 година од Владата на Република Македонија Драгослав Петровски – Чиче е прогласен за борец. Тој е еден од петтемина војници од тетовско кои загинаа во воените судири во поранешна Југославија.
(миа)

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.