MKDNews.com

Нови случаи на оштетување македонски возила во Грција

август 05
17:04 2013

Како што соопшти МВР, на 2 август на Граничниот премин „Богородица“, Ѓ.Х. кој патувал со патничко возило „Југо корал“ со скопски регистерски ознаки, пријавил дека комплет табличките му биле украдени во туристичкото место Неа Пори. Оштетениот го пријавил случајот и во грчката полиција.

Други два случаи се пријавени на 3 август на Граничниот премин „Стар Дојран“. Во првиот М.Д. кој патувал со патничко возило „Мерцедес“ со беровски регистерски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Полихроно, со спреј му била прекриена ознаката МК, но случајот не го пријавил и во грчката полиција. Во вториот случај, исто така на Граничниот премин „Стар Дојран“, Ж.К. кој патувал со возило „Фолксваген пасат“ со струмички регистерски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Лептокарија, му биле украдени комплет табличките, а кражбата ја пријавил и во грчката полиција.

Со овие новорегистрирани случаи, во изминатиот период од страна на македонската гранична полиција евидентирани се 32 одземања, односно кражби на регистарски таблички во кои во повеќето или во 23 случаи се украдени обете таблички. И натаму предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори (6). По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега нарасна на 7 случаи.

Од вкупниот број случаи – 24 се пријавени од страна на македонски државјани и на грчката полиција, но досега, како што информираат од МВР, се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Осумнаесет од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.