MKDNews.com

Нови напади и нови жртви во Сирија

август 25
15:24 2013

Сириската армија денеска изврши ракетен напад врз регионот Источен Гута, во близина на главниот град Дамаск, каде се претпоставува дека се извршени хемиски напади.
– Војници на режимот на Асад бомбардираа со ракети земја-земја зони во Источен Гута, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, според кој биле извршени и воздушни напади во градовите Дума и Месраба.

Според активисти на Генералната комисија на сириската револуција, три лица загинале при напад на армијата врз градот Муадамија ал Шам.
Сирискиот министер за информации Омран ал Зуби ја отфрли денеска можноста за напад на САД врз Сирија, предупредувајќи дека таквиот чекор би можел да предизвика повеќе насилства во регионот.

– Тоа на прво место ќе предизвика огнена топка што ќе ја зафати не само Сирија, туку и целиот Блиски Исток, изјави Зуби во интервју за либанската телевизија Ал Мајадин.

Истовремено, иранското министерство за надворешни работи предупреди дека американска интервенција во Сирија дополнително ќе ја компликува ситуацијата.

– Испраќањето воени бродови нема да ги реши проблемите, само ќе ја влоши ситуацијата, изјави портпаролот на иранското министерство Абас Аракџи, додавајќи дека таквиот чекор нема меѓународна поддршка и дека Иран отфрла секакво можно воено решение.

Лидерот на Ан Нурса, организација блиска до Ал Каеда, најави напад на селата на Алавити, верска заедница на која припаѓа и Башар ал Асад.

– Алавитските села ќе ја платат цената за секоја ракета со хемиско оружје, падната врз наши блиски во Дамаск, изјави лидерот на Ан Нусра, Абу Мохамад ал Џулани.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment