MKDNews.com

Нидал Хасан доби смртна казна

август 28
21:53 2013

Мајорот во американската армија Нидал Хасан пред некој ден беше прогласен за виновен и денес воениот суд му изрече смртна казна, поради обвинение за убиство на 13 војници и офицери во базата Форт Худ, во Тексас во 2009 година.

082813_hasan_sentence_640Хасан е првиот припадник на армијата на САД, кој е осуден на смртна казна во последниот половина век.
Тринаесет члената порота, составена од високи воени лица, едногласно го прогласи за виновен за убиство на 13 и повредување на 31 воено лице.

Американскиот муслиман од Вирџинија, во текот на судската постапка се застапуваше сам, главно без учество во процесот.

На почетокот на судењето тој призна дека припаѓа на муџахединското движење и дека со нападот сакал да ги заштити исламските и талибански лидери во Авганистан и Ирак.

Последна смртна казна, која над свој припадник ја спроведе американската војска е извршена во 1961 година, кога е обесен Џон Бенет, поради силување и обид за убиство на единаесет годишно девојче од Австрија, сепак за да се изврши неговата казна потребно е Обама да одобри.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment