Ни трага ни глас од исчезнатата Французинка во Кичево – свекорот се сомнева дека имала тајна врска!
Семејството Незироски се врати во Франција. Во Кичево останаа смао летоците за мистериозното исчезнување на 39 годишната Валери Баро Незироска. Цел месец безуспешно по неа трагаа сопругот, полицијата и француската амбасада.
Останува надежта дека таа еден ден ќе се појави здрава и жива. Во градот и во семејството не с епомислува на најлошото. Во тоа не верува ни свекорот на Валери, Мемедали, главата на фамилијата Незироски.
Неговиот родителски и животен инстинкт и неговата вообичаена смиреност го водат кон претпоставката дека најверојатно станува збор за нејзина интимна врска за која никој не знаел. Но Валери во семејството не зборувала за проблеми во бркот.
Мемедали Кичево го напуштил пред 45 години. Во Париз бил градежен работник. таму оформил семејство. Таму е роден неговиот син, 40 годишниот Имер. Тој и Валери се зеле пред 20 години. Имаат син Скендер. Пред таа да исчезне во дворот со синот имала голема расправија. Следуваше голема потрага по Валери – Имер со денови го пребаруваше градот, околината и кичевското Кале – омиленото место на Валери.
Во лето во Кичево се враќаат близу 4 000 кичевчани кои живеат и работат во Италија, Франција, Германија, Швајцарија и во Америка. По Рамазан Бајрам повторно си заминуваат. Си замина и Имер. Го чека работа во француската железница. Замина со надеж дека ќе се врати и Валери и ќе биде избришана од листата на исчезнати во МВР.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment