Невремето во Скопје сруши дрва блокира сообраќај,откорна фасада (фото)
Во невремето кое го зафати денеска главниот град беа откорнати неколку фасади од згради и оштетени возила, скршени дрвја и гранки и некои делови од улиците не беа проодни од невремето проследено со силен ветер од променлив правец и обилни врнежи од дожд, кои повремно преминуваа во град, што попладнево околу 15 часот и 30 минути ги зафати Скопје и околината.
Силното невреме откорна дрва во центарот на Скопје. Блокирани се улиците од Центар кон Католичка црква и кај НИП „Нова Македонија“.
Според УХМР, на одредени места ветерот достигнал брзина и до 70 километри на час, а поголеми врнежи се регистрирани во Скопскиот и во Светиниколскиот регион.
Од УХМР велат дека навреме било интервенирано со градобијни ракети кои спречиле поголем дел од врнежите да преминат во град.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment