MKDNews.com

Невреме во Рим, туристите масовно бегаат (фото/видео)

август 28
08:52 2013

Вчера попладне торнада, грмотевици и обилни дождови го погодија Рим, главниот град на Италија. За само 40 минути паднале 60 литри дожд на квадратен метар. Силна олуја предизвика значајни материјални штети во градот.
Многу улици во целост биле блокирани и поплавени од водата, а сообраќајот бил прекинат. Подрумите на зградите и државните објекти се поплавени.
Населбата Бочеа, на северозапад од Рим, беше погодена од силно торнадо. Десеттина лица побарале помош поради паника или повреди. Пијавица од торнадото го погодило населеното подрачје.
Неколку пијавици биле забележани над морето кај градот Санта Север, а бројните туристи во овој регион ги напушитиле одморалиштата, денеска и во изминатите денови.

[print_gllr id=16029]

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment