MKDNews.com

Убиено 25 годишно момче во Скопје

август 11
15:06 2013

Непознат сторител со пиштол го убил 25 годишниот Џемајледин М. од Скопје.Убиството се случило утринава на улицата „Александар Урдаревски“, на локалниот пат кој ги поврзува населбата Бутел и село Мирковци.

Кон Џемајледин биле испукани повеќе куршуми, во пределот на главата и горниот дел од телото.

Телото на Џемајледин го забележала 26-годишната Е.С. од скопското село Брњарци, која го пријавила настанот.

Извршен е увид на лице место, а телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.

Од лице место подигнати се траги слични на крв, еден куршум, шест чаури од испукани куршуми, три проектили и еден фрагмент од проектил од испукани куршуми.

СВР-Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment