MKDNews.com

Нема договор од средбата на Тимотеј и Села, Октиси останува без црква

август 30
15:00 2013

После триесетминути разговор зад затворени врати Тимотеј и Села не донесоа никаков заклучок во однос на изградбата на црквата во селото Октиси.После средбата струшкиот градоначалник рече дека се работи за меѓуверски конфликт, а тој само помага во неговото решавање. Според него во моментов најдоброто решение е времената мерка за одложување на изградбата на параклисот.

– Тоа е најдоброто решение во овој момент за забрана сега засега на активностите. Ќе им се продолжи рокот за градба на црквата на православните што го имаат до 30 ти септември, така што нема да има никакви проблеми. Целта на времената мерка е страстите да се смират, заради безбедносни причини тоа е најдоброто решение. Наша цел е граѓаните да живеат мирно и спокојно, верски конфликти не ни требаат, изјави Села.

Владиката Тимотеј не сакаше да даде изјава. Тој само рече дека преговорите ќе продолжат.

На денешната средба не присуствуваа претставници од месното население од село Октиси од православна и муслиманска исповест, ниту претставници од ИВЗ.Меѓуверскиот инцидент се случи во неделата кога православните жители на село Октиси беа спречени од нивните сожители од муслиманска веросиповест да стават темели за изградба на црквата “Свети Димитрија”, за што имаат градежна дозвола.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment