MKDNews.com

НБА: Антиќ може да игра за Македонија

август 08
17:14 2013

Првиот македонец во НБА и капитен на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ, ја доби потребната дозвола од НБА за да настапи на натпреварите што му претстојат со нашиот национален тим.

Иако неколку дена подолго од очекуваното траеше процедурата за осигурувањето на капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Перо Антиќ, официјално денеска доби зелено светло од својот нов клуб во НБА, тимот Атланта Хоукс, да настапи во црвено-жолтиот дрес.

Поради формалностите околу осигурувањето, Антиќ не настапи на двата контролни натпревара со Хрватска, одиграни во Славонски Брод и во Загреб.

Кошаркарите што вчера се вратија од Хрватска, три дена ќе имаат одмор, а в недела во СЦ „Борис Трајковски“ ќе ги продолжат подготовките за претстојното Европско првенство во Словенија, кое ќе се одржува од 4 до 22 август.