MKDNews.com

Најголемите измами во светот

август 16
09:16 2013

Што добивате ако ставите во комбинација измамник и наивна личност? Тоа се одлични примери во кои човечката глупавост и итрината немаат граници.

Мили Ванили, продажбата на Ајфеловата кула, промена на идентитет, крадење на идентитет, лажни откритија…. Сите тие имаат заедничка цел, односно се врвни измами, но и онаа поучната за тоа дека на лагата и се кратки нозете.

Човекот кој ја продаде Ајфеловата кула

220px-Victor_LustigВиктор Лустиг (1890-1947) се смета за еден од најголемите измамници во историјата. Својата прва измама ја направил кога за 30 илјади долари продал машина за печатење пари која не била исправна. Неговата најголема измама е продажбата на Ајфеловата кула, која започна во 1925 година, кога прочитал во весник дека градските власти имаат финансиски проблеми со одржување на кулата. Лустиг добил одлична идеја како да заработи од тој проблем.

Вештиот измамник го преземал идентитетот на владин претставник и договорил состанок со шестмина дилери со старо железо. Лустиг им рекол на дилерите дека градот нема повеќе средства за да ги подмирува огромните трошоци потребни за одржување на кулата и дека сака да ја продаде како старо железо. Еден од трговците наседнал и ја купил кулата, а Лустиг избегал со првиот воз за Виена со торба полна со пари.

Човекот кој ја купил кулата бил толку многу посрамотен што дури не пријавил ниу во полиција. Лустиг продолжил со неговите измами, па така успеал да го измами еден од најпознатите гангстери на сите времиња – Ал Капоне. Него го убедил да инвестира 40 илјади долари во акции кои не постојат. Парите два месеци ги чувал во сеф, за на крајот му ги врати на Капоне, кажувајќи му дека договорот пропаднал, а ганстерот за возврат како награда за заштедените пари му дал пет илјади долари.

Лустиг во 1907 година заминал во Америка и среќата почнала да го напушта, па за брзо време бил уапсен за фалсификување и испратен во затворот Алкатраз.

Фати ме ако можеш

Френк Вилијам Абегнел (лево)

Френк Вилијам Абегнел (лево)

Злоупотребите на овој човек послужија како инспирација за филмот “Фати ме ако можеш”. Френк Вилијам Абегнел во текот на пет години променил осум идентитети, и голем дел од нив ги искористил за впаричување и фалсификување на чекови на износ од 2.5 милиони долари во 26 земји.

Таа сума на пари му овозможила да живее како вистински богат човек. Постојано бил во друштво на убави жени, јадел во скапи ресторани, купувал екстремно скапа облека и се подготвувал за следните измами. “Кариерата” ја почнал со пишување на чекови од непостоечка сметка и создавал речиси совршени копии на чекови.

Две години се претставувал како пилот на компанијата Pem Am Airlines, што му овозможувало да патуваат низ светот бесплатно. Тој, исто така ја фалсификувал и дипломата од Харвард, со положен правосуден испит, и добил работа во канцеларијата на јавниот обвинител во Луизијана. Абегнел умешно го избегнал затворот и сега има сопствена компанија за финансиски консалтинг.

Мили Ванили плејбек афера

milli-vanilli

Мили Ванили

Веројатно една од најголемите измами во шоу-бизнисот е аферата наречена Мили Ванили. На почетокот се чинеше дека момците од групата не се само симпатични, туку дека тие знаат и да пејат. Но, на крајот се покажа дека тие биле само симпатични. Еден од најпопуларните поп дуети на 80-тите години Мили Ванили го сочинувале Фаб Морва и Роб Пилатус.

Треската што се случи околу секси пејачите им донесе Греми за најдобар нов изведувач во 1990 година. Но истата година, за време на настап во Конектикат, кој го пренесувал МТВ, снимката на песната “Girl You Know It’s True” почнала да прескокнува. Тоа бил еден од најсрамните моменти во модерната музичка историја. Така се дознало дека Морван и Пилатус всушност не снимиле ниту една плоча, туку дека наместо нив пејат некои помалку познати пејачи. На момците им е одземена Греми наградата, а против нив и издавачката куќа Ариста Рекордс биле подигнати 26 обвиненија.

Француски Рокфелер

080912-rotencourt-hmed-1245p.grid-6x2Целиот живот на Кристофер Роканкурта, познат како францускиот член на семејството Рокфелер, беше една голема измама. Роден во 1967 година и израснат во еден дом за напуштени деца, Кристофер одлучил да направи нешто од својот живот и побегнал од дома во Париз.

Првата измама му донела 1.4 милиони долари колку што вредел имотот кој го продал на некој клиент за кој тврдел дека е негов. На пат кон Америка, Кристофер променил најмалку десет идентитети: филмски продуцент, боксерски шампион, капиталист. Освен тоа што се претставувал како Рокфелер, Кристофер говорел за тоа дека му е мајка Софија Лорен, а чичковци му биле познати Французи. Бил оженет (само во неговата имагинација) за Плејбој модел и имале син.

Тој лежел и дека живеел некое време со Мики Рурк. Еднаш во Канада, напишал автобиографија во која ги исмејува своите жртви. Во март 2002 година бил екстрадиран во САД и однесен во Њујорк. Прогласен е за виновен за три од 11-те обвиненија, вклучувајќи кражба, шверц, корупција и фалсификување. Во судот, самиот проценил дека со измами заработил најмалку 40 милиони долари.

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.