MKDNews.com

Најдолгиот мост во Европа(фото/видео)

август 20
08:23 2013
Оресундскиот мост е комбиниран мост тунел кој ги поврзува градовите Копенхаген во Данска и Малме во Шведска. Мостот има 4 ленти за автомобили и 2 колосека за железнички сообраќај.

44

Тој е најдолгиот комбиниран мост тунел за автомобилски и железнички сообраќај во Европа и најдолгиот мост во светот кој поминува нечија државна граница. Долг е 16 километри, се издига 55 метри над површината на морето и неговата изградба чинеше околу 3 милијарди долари.

Највисокиот столб на мостот е 204 метри. Мостовната конструкција е со вкупна должина од 7845 метри, а нејзината маса е 82,000 метрички тони. Железничките колосеци се наоѓаат под автопатот. Пловидбената височина на мостот е 57 метри, но и покрај тоа поголемиот дел од морскиот сообраќај се одвива преку Оресундската врата која се наоѓа над тунелот.

На половина пат од двете копна се наоѓа вметнатиот остров Пеберхолм каде воедно и завршува мостовниот дел од конструкцијата т.е започнува тунелскиот дел. Островот е долг околу 4 км, широк неколку стотина метри и официјално припаѓа на Данска. Не е населен и на него се наоѓа природен резерват.

Врската помеѓу островот Пеберхолм и најблиското данско копно е тунелот Дрогден. Тунелот е долг 4,050 метри од кои 3,510 се наоѓаат под морето. Причината за изградбата на тунелот (наместо продолжеток на постоечката мостовна конструкција) била преголемата близина на аеродромот во Копенхаген.

34

Затоа што станува збор за типичен скандинавски проект, мостот е изграден на принципот на данските „Lego“ коцки и шведските “Ikee” – од готови блокови за изградба на тунели и мостови. На пример, тунелот не е дупчен под земјата. Тој се состои од 20 масивни готови дела кои се произведени на копно со однапред вградени и инсталирани цевки за пат и железница. Деловите се транспортирани на море и спуштени со бродови. Секој дел е со големина на две фудбалски игралишта и тешки се 55,000 тона. Мостот е конструиран така што и додека се возите можете да се воодушевувате на неговиот облик.

25

Галванизираниот челик од кој е направен свети на сонцето, а обоените делови се покриени со специјална црна боја која ја впива светлината и во секоја доба од денот ја рефлектира бојата од околината. Ова чудо на градежништвото и архитектурата е изградено многу пред предвидениот рок и тоа за само 4 години и еден месец. Во текот на изградбата се случила само една несреќа во која загинал еден работник. Затоа што поврзува две земји и два града, овој мост практично ги претвора Копенхаген и Малме во мултинационална метропола.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment