MKDNews.com

МВР денамтира: Нема терористички кампови во Македонија

август 07
10:14 2013

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ја демантираше информацијата на руското радио „Гласот на Русија“, дека на Балканот и во западна Македонија има кампови во кои исламски терористи се обучуваат за самоубиствевни бомбашки напади.

– Во континуитет ја следиме безбедносната состојба во Македонија, но и во регионот. Во моментот нема никаков посериозен ризик по безбедноста на граѓаните. Ние сме подготвени веднаш да реагираме и да неутрализирам било каква опасност и закана за безбедносната состојба – изјави Иво Котевски, помошник министер во МВР за односи со јавноста.

Руското радио објави дека Муслимани од Балканот познати како „белите ѓаволи“ во Македонија, Албанија и Косово се обучуваат за извршување на самоубистени напади. Ова е со цел за да се создаде што побрзо обединета исламска држава на териториите на Босна, Албанија, Косово, Македонија, јужниот дел на Србија и на Црна Гора.
Според „Гласот на Русија“ на Балканот се спроведува исламистичкиот план „Европа 3000“.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.