MKDNews.com

Му дале средство за дезинфекција наместо физиолошки раствор на пациент во битолската болница?

август 19
21:30 2013

Битолската полиција денеска ги повика вработените од смената на Одделението за интензивна нега на Клиничката болница во Битола, кои беа дежурни во четвртокот попладне кога почина шеесетгодишниот битолчанец Јорго Ангеловски.

Од полицијата денеска соопштија дека работат на расчистување на случајот и дека се преземени предистражни дејствија. Како што објавува весникот „Нова Македонија“ Ангеловски кој подолго време страдал од депресија, на 15-ти август испил поголема доза на антидепресиви и побарал помош во Одделението за ургентна медицина. Дежурната лекарка од транспортерот наложила на пациентот да му биде исчистен желудникот со физиолошки раствор, но, по грешка желудникот му бил чистен со средство за дезинфекција.

Од Болницата велат дека ваквите информации ќе останат на ниво на шпекулации се додека не бидат утврдени фактите, за кои, како што се вели во соопштението од менаџерскиот тим, Клиничката болница целосно ги спроведе законските процедури.

nekrolog-jorgo

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment