MKDNews.com

“Морски змеј” на плажа

август 24
08:43 2013

morski1aМистериозно морско животно со огромен рог на главата,откриено е во фаза на распаѓање по должината на брегот на Луис Сирет,на плажата во Виљарикос во Шпанија.

Остатоците од засега неидентификуваното животно кое е долго околу четири метри,ги збунило шпанските научници.

Се појавиле бројни коментари,па некои дури биле духовити сугерирајќи дека е тоа чудовиштето од Лох Нес,или некоја врста на морски змеј или воден диносаурус.Дрги велат дека е тоа мутант риба или некоја врста на ајкула.

-Една жена пронајде дел од ова животно и не информираше за тоа.Ние го пронајдовме остатокот од него.Немаме никаква идеја за кое животно се работи,вели Марија Санчез од цивилната заштита на Куевас.

По првичните изненадувања од пронаоѓањето на животното, следат анализи за да се разреши мистеријата.

morski2n

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment