MKDNews.com

Монструмот од Србија: Пресреќен сум што ги убив сопружниците од Краљево

август 23
20:02 2013

Миломир Стефановиќ, на кого истражниот судија во Краљево му одреди притвор од 30 дена, изјавил дека „само Бог го видел тој ден, бидејќи во дворот ја видел и жената на Рашко, бидејќи не сакал да го убие само него“.
„Го наполнив шаржерот и понесов резервен, но и нож, за да можам да им пресудам во случај да преживеат. Со свои очи видов дека Рашко е готов. Бев пресреќен кога подоцна дознав дека е мртов. Мојата задача е исполнета“, рекол Стефановиќ.

Пред триесетина години, уште кога работел како месар во државната кланица во селото Ратино, кај Краљево, Стефановиќ по една расправија и’ го одгризал носот на сопругата која исто така работела во кланицата.

За потсетување, Стефановиќ ги убис сопружниците Пантелиќ во дворот од семејната куќа. Убиството се случило пред очите на нивната едногодишна внука, која била во рацете на нејзината баба додека убиецот пукал кон нејзе.

hro_620x0

Стефановиќ влегол во дворот и веднаш почнал да пука. Со два куршуми во главата и срцето, сопругата на Рашко, Нада, паднала покрај ѕидот од куќата. Рашко веднаш скокнал врз него, но Стефановиќ го убил со нож.

Мотивот за злосторството се крие во судскиот спор меѓу Пантелиќ и Стефановиќ. Тие порано работеле заедно во кланицата во селото Ратина. Пантелиќ бил сметководствен ликвидатор, а Стефановиќ месар. Кога кланицата отишла под стечај, Стефановиќ отворил неколку месарници во Краљево и во вработил Пантелиќ како сметководител.

Но, сега убиецот, Пантелиќ не уплаќал ниту придонеси ниту плати, а му должел и пари за свињите кои ги купувал од него.

Поради тоа Пантелиќ го тужел и го добил спорот на судот, а Стефановиќ на основа на таа пресуда имал обврска уште во 2012 година да му исплати 17.000 евра.

Извор : blic.rs

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment