Момче од Ново Село охридско се преврте со трактор и загина
август 18
16:36
2013
Момче на возраст од 19 години, во петокот загина при превртување на трактор во Ново Село, Општина Дебрца кај Охрид.
Тракторот, од засега непознати причини се превртел и го повредил момчето, јавува охридското Супер радио.
Истото, веднаш било пренесено во охридската болница, по што поради сериозноста на повредите било пренесено во Скопје, каде им подлегнало на повредите.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment